Неименуван Huawei уред со ознака на модел MXW-AN00 и за кој се верува дека е Honor 30 Lite, се појави на Geekbenchu, откривајќи ги и спецификациите.

Според информациите од бенчмарк базата, MXW-AN00 користи Android 10, има 6GB RAM, а го покренува MediaTek MT6873 чипсет, попознат и како Dimensity 800.

Гласините сугерираат дека Honor 30 Lite ќе има 6.5-инчен 90Hz Full HD+ дисплеј, EMUI 10.1 кориснички интерфејс, 4000mAh батерија со поддршка за 22.5W брзо полнење.

Телефонот од предната страна ќе има 16MP селфи камера, додека на задната страна се очекува систем со три камери: 48MP главна, како и дополнителните 8MP и 2MP сензори.

Honor 30 Lite не е во целост нов телефон – во прашање е ребредниран Huawei Enjoy Z 5G со нешто поинаков дизајн на задната страна.