Веќе знаеме дека партнерот на Apple, TSMC ќе произведува A14 чипови за iPhone 12 линијата смартфони. Она што е интересно во најновите извештаи е информацијата дека TSMC ќе го призведува и Qualcomm Snapdragon X60 модемот, кој би требало да биде дел од iPhone 12.

Претходните гласини сугерираа дека Apple ќе го користи актуелниот X55 модем. Моделот X60 е најавен претходно оваа година, а се очекуваше телефоните да почнат со имплементација на овој модел дури од 2021. година. Интересно е дека токму Apple би можел да биде прва компанија, која ќе го користи Qualcomm X60 5G модемот и тоа од оваа година.

X60 5G модемот е способен за поврзување и агрегација на mmWave i sub-6GHz мрежите, што во теорија значи дека би можел да го комбинира протокот на податоци од различни фреквенции и да понуди поголеми брзини. Qualcomm X60 5G модемот е исто така креиран во 5nm процес, што значи дека покрај подобрите перформанси ќе овозможи и помала потрошувачка.

Секако, споменатите информации треба да се земат со доза резерва, а посебно доколку се знае дека пристигнуваат од DigiTimes, кој не е баш најдоверлив извор на протечени вести и непроверени информации.