Двете планети се едвај видливи и делуваат како ситни точки на исклучително светлото небо.
Роботското возило на американската вселенска агенција NASA, Curiosity направи две неверојатни фотографии од Земјата и Венера. Овој ровер на шест тркала ја истражува планетата Марс од 2012. година.
This is just beautiful ?? https://t.co/rvqNwNURul
— Bee? (@theclassicbee) June 16, 2020
Curiosity ги забележал фотографиите со специјална камера (Mastcam), а тимот научници ги споил така што направил панорама, пренесуваат од Science Alert.
Двете планети се одвај видливи, а на небото делуваат како светли точки.
„Дури ни ѕвездите кои инаку се гледаат не можат да бидат видливи кога се направени овие фотографии од Земјата и Венера“ – изјавил Марк Лемон, еден од истажувачите кои што работат на овој проект.
Во оваа доба од годината во атмосферата на Марс се наоѓа значајна количина прашина.
Таа рефлектира сончева светлина, факт што небото е исклучително светло, што оневозможува многу од ѕвездите да бидат видливи.
Извори: Objektiv.rs / Science Alert