Предн неколку месеци дознавме дека Samsung ја планира објавата на 5G варијантата на Galaxy Z Flip телефонот, со бројот на модел SM-F707B. Новиот извештај на сајтот XDA-Developers ги потврдува претходните наводи и истакнува дека Samsung официјално го сертификувал Samsung Galaxy Z Flip 5G името заедно со истиот број на модел од претходните извештаи.
Samsung Galaxy Z Flip беше објавен во февруари, со Snapdragon 855+ чипсет, но телефонот немаше 5G поддршка. Се очекува дека новиот модел ќе пристигне со 5G поддршка, 256GB простор за складирање и барем 8GB RAM.
Новиот Galaxy Z Flip 5G би требало да има и нова браун боја, според наводите од 3C сертификацијата, а ќе има 15W полнач како и оригиналниот Z Flip. Засега нема информации за тоа дали новиот Z Flip ќе има Snapdragon 865 чипсет, но оваа надградба секако се очекува.
Претставувањето на Samsung Galaxy Z Flip 5G телефонот се очекува во текот на Unpacked настанот во август.