Microsoft Search е претставен во текот на Ignite настанот во 2018. година, а статус на генерална достапност стекна во мај 2019. Оваа опција помага да се обедини пребарувањето во рамките на сервисите на Microsoft (веб и локалните), посебно за Microsoft 365 корисниците.
Сервисот прво беше достапен за Bing на веб, а потоа се прошири на другите апликации, како што се OneDrive, SharePoint и Outlook. Microsoft Search требаше во Windows 10 да се појави со 19H1 верзија (May 2019 Update или 1903), но тоа не се случи. Сега Roadmap листингот за Microsoft 365 сугерира дека сервисот на Windows 10 ќе стигне во септември, 2020. година.
Microsoft во март потврду дека планира достапност на сервисот во текот на четвртиот квартал оваа година, што сега е заменето со септемвриска објава. Со имплементирање на функцијата во оперативниот систем, Microsoft ќе им овозможи на претпријатијата да го прилагодуваат своето пребарување во зависност од потребата и политиката на работење на компанијата. Администраторите исто така можат да го надгледуваат пребарувањато, за да ја подобрат функционалноста.
Засега не е познати дали Microsoft Search за Windows 10 ќе биде целосно достапен за сите Microsoft 365 бизнис корисници во септември или ќе биде испорачуван постепено.