Се појавуваат се повеќе докази за тоа дека Apple работи на флексибилен iPhone модел. Досега имавме прилика да видиме неколку патенти и концепт дизајни. Меѓутоа, најголем број од овие фотографии прикажуваат уред со екран на превиткување. Сега прв пат се појавуваат информации за iPhone со два екрана, кои се поврзани со шарка.
Аналитичарот на пазарот и дојавувач Џон Просер неодамна објави информации, каде што споменува дека моментниот прототип на флексибилен iPhone не е навистина свтлив.
Apple’s “foldable” iPhone isn’t really a foldable. ?
The current prototype has two separate display panels on a hinge.
Round, stainless steel edges like current iPhone 11 design.
No notch — tiny forehead on outter display that houses Face ID.
— Jon Prosser (@jon_prosser) June 15, 2020
Уредот би требало да имаат два одвоени дисплеј панела, со заоблени рамки, како кај iPhone 11 моделот. Новиот уред би го отфрлил засекот во екранот, додека Face ID поддршката би била имплементирана во екстерниот дисплеј. Останува да се види во која фаза моментно се наоѓа споменатиот прототип и дали телефонот во ваква форма ќе пристигне на пазарот.
Поврзани артикли