Кинеската компанија OnePlus го претстави својот најнов премиум телефон, OnePlus 7T, кого го карактеризираат подобрувања на полето на камерата и дисплејот. Покрај ова, тука е и најновиот чипсет на Qualcomm и поддршка за 30W полнење.

Новиот систем со три камери на задната страна е веројатно најголемата надградба на телефонот во однос на OnePlus 7 моделот. Главната камера од 48 мегапиксели го користи истиот Sony IMX586 сензор како и претходно, но се има нешто подобар отвор на блендата (f/1.6). Новата 12MP телефото 2x оптички зум, а исто како и кај 7 pro моделот нема оптичка стабилизација. Третата камера е 16MP ултраширока, со поле на преглед од 117 степени. Тука е и Nightscape режимот, макро мод, како и 960fps slow-motion мод @720p.

Fluid AMOLED дисплејот на OnePlus 7T има дијагонала од 6,55 инчи. Пристигнува со 90Hz освежување и 20:9 однос на страници, со 1080p+ резолуција. Екранот поддржува HDR10+ и има осветлување од 1000 нита. Во врвот на екранот се наоѓа засек во облик на капка, во кој е сместена 16MP селфи камера.

Телефонот има Warp Charge 30T поддршка, која е побрза од претходната 30W Warp Charge поддршка за 23 проценти. Иако максималната сила на полнење е иста, оптимизираното полнење значи дека 3800mAh батеријата на 7T моделот е можно да се наполни до 70 проценти за половина час. OnePlus и овој пат се одлучи за изоставање на поддршката за безжично полнење.

Матирана задна страна е креирана од 3D Corning Gorilla Glass и достапна е во Glacier Blue и Frosted Silver варијанти. Gorilla Glass екранот од предната страна е рамен, а не закривен.

Чипсетот на смартфонот е надграден на најновата Snapdragon 855+ верзија, а со себе донесува и подобрување на брзината на GPU. Покрај ова, тука е и 8GB RAM, како и изборот помеѓу 128GB или 256GB UFS 3.0 простор за складирање податоци.

OnePlus 7T е најавен како прв телефон кој од самиот старт ќе се испорачува со Android 10. Најпрвин ќе биде достапен во Индија, од 28 септември, а од 18. октомври ќе се најде во САД, по почетна цена од 600 долари. Подоцна ќе се појави и во Европа.