Xiaomi минатата година го претстави Redmi 8A телефон, како подостапна алтернатива за Redmi 8. Годинашниот Redmi 9 би можел да добие две поевтини верзии – 9C и 9A. Сега телефонот, со ознака на модел M2006C3LG, се појави на FCC сертификација, а гласините сугерираат дека ова би можел да биде Redmi 9A.
Листингот не открива многу за смартфонот, со исклучок на капацитетот на батеријата, која ќе изнесува 4900mAh и поддршка за 10W полнење. Тука е и поддршката за MIUI 12 кориснички интерфејс, како и скици на задната страна на уредот.
Минатогодишниот Redmi 8A имаше само 2GB RAM и од уредите беше изоставен 2MP сензор за длабочина. Овој пат, се очекува дека Redmi 9A ќе има 3GB RAM, но и натаму ќе има само една камера на задната страна, во споредба со Redmi 9 моделот, кој ги има четири.