Директорот на финансиско-технолошкиот сектор на Facebook, Дејвид Маркус соопшти дека кон крајот на годината ќе ја напушти компанијата и ќе почне да работи на нов проект.

Маркус во Фејсбук е задолжен за развивање на криптовалутатат позната како дием и апликацијата за дигитален паричник Њу (New).

Извршниот директор Марк Цукерберг му се заблагодари на Маркус за неговиот придонес во развојот на дием и другите големи развојни проекти на компанијата.

– Не би имале толку голем продор со дием без Вашето водство и благодарен сум што ја направивте Мета место каде што правиме големи инвестиции, истакна Цукерберг.

Маркус во 2014 година дојде во Facebook од PayPal, а раководеше и со Facebook messanger.