Пред повеќе од еден месец се појавија информации за тоа дека Samsung е во преговори со компанијата BOE за производство на OLED панели за некои од телефоните на јужнокорејската компанија, вклучувајќи ги и претстојните Galaxy S21 или S30 модели.
Меѓутоа, според најновите гласини, OLED решенијата на компанијата BOE не ги поминаа интерни тестови на Samsung. Според наводите, компанијата не е задоволна од квалитетот и поради тоа ќе продолжио да користи сопствени OLED панели.
Од друга страна, BOE бараше начин да стане дел од синџирот на снабдување на Apple, но не успеа да ги помине иницијалните тестови ни за производство на екрани за iPhone 12. Ова е и една од причините поради која Samsung во свои раце држи 80 проценти од производството на OLED за годинашните iPhone модели.