Поминаа повеќе од пет месеци од официјалната најава на флексибилниот уред Huawei Mate X, во текот на MWC 2019. Иако не беше оптоварен со проблемите со кои во медиумите се сретна Samsung со својот Galaxy Fold модел, телефонот се уште не е пуштен во продажба.

Судејќи според неодамнешното интервјуто на Хе Ганг, директор на одделението на Huawei за потрошувачи, Mate X делува дека се уште е незавршен и не е подготвен за продажба. Според зборовите на Ганг, Huawei се уште го усовршува Mate X со цел уредот да ги задоволи стриктните барања на компанијата.

“На сите би требало да им биде јасно дека барањата за квалитет на компанијата Huawei се на многу високо ниво. Доколку не ги задоволат потребните барања за квалитет, производите нема да ги пласираме на пазарот”, истакнува Ганг.

Засега не е позната временската рамка во текот на којa Mate X би можел да се очекува на пазарот, а Извршниот директор на Huawei, Ричард Ју, исто така, неодамна истакна дека објавата на смартфонот ќе мора да почека додека уредот не биде идеален и подготвен за пазарот.