По проширувањето на Google Developer Preview за Android 11 и првобитното одложување на Android 11 Beta ажурирањето, Google конечно почна со испорака на Beta фазата на следната верзија на Android.
Првите Beta build-ови сега се достапни за Pixel 2, 2 XL, 3, 3 XL, 3a, 3a XL, 4 и 4 XL телефоните. Корисниците можат да се упатат кон овој сајт и да ја почнат Beta програмата.
Оние кои ги имаат споменатите Pixel телефони и Android 11 Developer Preview, ќе можат да извршат надградба OTA (over-the-air). За оние кои повеќе го сакаат старомодниот начин на надградва, тука се и фабричките подесувања. Постои и опција за користење на Google Android Flash алатката.
Today we announced:
? Android 11 Beta 1
? Android Studio 4.1 Beta
⚙️ Android Studio 4.2 Canary
? New Android Jetpack libraries
? Jetpack Compose Developer Preview 2
▶️ Play Console Beta
➕ MoreRead → https://t.co/tD8f21lbAF
All talks → https://t.co/Efjxz9VwDm#Android11 pic.twitter.com/L3b1KHtzcM— Android Developers (@AndroidDev) June 10, 2020
Android 11 Beta имплементира неколку нови функции, вклучувајќи го и новиот Bubbles API за повеќе апликации да можат да се минимизираат во лебдечки известувања; тука е подесувањето за еднократни дозволи за пристап до апликациите; Fast Share функцијата ќе може да се испраќа на други Android уреди преку Wi-Fi конекција и друго.