Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека Западот не може да го игнорира подемот на Кина и нагласи дека е важно Велика Британија да ја преиспита улогата на Huawei во развојот на својата 5G мрежа.
Како што пренесува „Ројтерс“, Столтенберг смета дека Кина се приближува до Западот на различни начини, па важно е 5G мрежата која Huawei ја развива во Европа да биде целосно безбедна.
Според првиот човек на најмоќната воена алијанса на светот, тоа е важно и за сите останати сојузнички земји кои веќе на Huawei им имаат одобрено да ги изградат круцијалните елементи од 5G мрежата.
Досега повеќе земји не ги послушаа „насоките“ на САД и НАТО Алијансата, па така 5G мрежата Huawei ја развива во Германија, Холандија, Франција, Италија, Шпанија и други земји.
Извор: B92.net