Иако стајлус пенкалцата не се вообичаени за конзолите, а посебно за Nintendo Switch, не дека досега ги немаше на пазарот. Меѓутоа, сите помалку или повеќе поминаа неуспешно и не доживеаја некоја поширока популарност. Причина за тоа има многу, но Colors Live пенкалцето се заканува да биде првото успешно во оваа класа.
Colors SonarPen е последен обид за стајлус, кој ви требало Nintendo Switch да го трансформира во уред како таблет. Ова пенкалце е пратечка компонента na Colors Live, дигитална апликација за сликање за популарната конзола на Nintendo, која е наследник на Nintendo 3DS стајлус уметничката игра Colors 3D. Овој SonarPen е жичано пенкалце, поврзано со помош на 3,5 мм аудио приклучок, токму поради недостатокот од вграден Bluetooth на конзолата.
Пенкалцето е осетливо на притисок, па сопствениците на конзолу можат со различен степен на притисок да произведат одредени цртежи на екранот. Доаѓа во десет бои, иако само кабелот може да се појави во друга боја, бидејќи пенкалото пристигнува во црна. Colors Live е проект покренат на Kickstarter, а досега се собрани околу 130.000 долари.