За сите корисници кои сакаат да ја преуредат својата лична библиоетка на Kindle уредите пристигнуваат добри вести. Amazon реши да ја воведе новата опција на тајно бришење на документи и книги.

Според Amazon, преуредувањето на личните библиотеки повеќе нема да претставува проблем за корисниците. Во новата надградба и верзија на софтвер 5.12.5, можно е трајно бришење на документи и книги од личните библиотеки. Управувањето со библиотеките отсега повеќе нема да биде проблем за корисниците на Kindle уредите, бидејќи токму новата функција во рамките на самиот Kindle го овозможува сето ова.

Досега праксата беше стотина вести и други активности едноставно да ја затрупаат библиотеката, која станува прилично непрегледна, а беше можно да се среди само преку веб-интерфејсот на Amazon или Android апликацијата. Книгите можат трајно да се избришат од библиотеките, но ако повторно ги посакате, ќе бидете принудени повторно да ги купите. Иако се е полно со багови и грешки при бришењето на документи, сите верни корисниците на овој e-reader ја поздравуваат акцијата и конечното реагирање на долгогодишниот проблем, кој иритираше поголем дел од корисниците.