Associated Press објави дека Facebook одлучил да реагира против група корисници поврзани со радикални и расистички идеи, кои користејќи говор на омраза пробале да ги соберат истомислениците на сопствена страна.

Поточно, Facebook изгаси речиси 200 кориснички профили поврзани со две расистички групи, кои на Facebook се забранети уште од порано (Proud Boys и American Guard).

Facebook од неодамна посветува поголемо внимание на постовите кои споменуваат протести, а од Facebook наведуваат и примери на корисници, кои на протести имале намера од одат со огнено оружје (притоа не споменувајќи дали овие корисници се идентификувани).