Годинашната WWDC конференција за програмери се приближува (22 до 26. јуни), а според информациите на Bloomberg се очекува дека Apple во нејзини рамки ќе ги објави своите први чипови засновани на ARM архитектура, кои се наменети за идните MacBook и Mac уреди.
Првиот чип, кој ќе покренува некои од MacBook моделите, би требало да има дизајн со 12 јадра, а ќе биде заснован на 5nm процес на производство. Веројатно најпрвин ќе се појави во 12-инчниот MacBook. Споменатиот чипсет би требало да биде поефикасен од актуелните модели на Intel, кои моментно ги покренуваат MacBook Air и MacBook Pro. Компанијата планира во иднина истото да го примени и на десктоп Mac моделите.
За Apple, ова ќе ја намали зависноста на компанијата од Intel, но и ќе ги намали трошоците на производство. Формулата со прилагодени ARM чипови добро функционира кај iPhone и iPad уредите, така што нема причина тоа да не се случи и со PC хардверот.
Apple на програмерите ќе им даде доволно време своите апликации да ги направат компатибилни за новата платформа, а првите Apple čipovi се очекуваат на пазарот во текот на 2021. година.