Големото ажурирање на Telegram обезбеди видео едитирање во апликацијата за размена на пораки, се наведува во неодамнешниот пост на блогот на компанијата. Корисниците можат да додаваат анимирани стикери во видеата, заедно со неколку други функции.
„Најмоќниот едитор на фотографии кој ќе се имплементира во апликацијата за размена на пораки“, како што го опишува Telegram, сега може да се користи за внесување различни измени во видеото. Корисниците можат да го подобрат квалитетот на видео записите во два допира или рачно да ги подесат параметрите како светлина и сатурација. Може да се црта преку видеата со помош на paintbrush алати и зумирање за прецизнос. Анимираните стикери, исто така, можат да се додаваат на видео снимките и фотографиите, кои брзо стануваат GIF-ови со додавање на анимиран стикер.
Telegram исто така го подобри својот GIF панел, вклучувајќи нов трендинг оддел, emoji табови, побрзо време на вчитување и таб за неодамна користените GIF-ови. Останатите ажурирања го олеснуваат организирањето на четовите во фолдери и чистење на апликацијата за Android корисниците. Оваа најнова рунда на ажурирање следуваше откако Telegram во април најави безбедни групни повици.