AMD SmartShift е објавен во текот на CES 2020 манифестацијата, а во прашање е технологија која динамички ја преместува силата помеѓу CPU и GPU, а во зависност од ситуацијата, што би требало да овозможи подобрени перформанси. Меѓутоа, технологија се уште не заживеала.
Сега главниот архитект на гејминг решенијата во компанијата AMD истакна дека само еден лаптоп модел ќе го имплементира SmartShift во 2020. година. Френк Азор на Twitter објави дека SmartShift е целосно нова технологија, и дека компанијата Dell е прва која одлучила да ја испроба новата функција.
Дури и доколку лаптопот е опремен со сите AMD компоненти, тоа не е гаранција дека ќе биде компатибилен со SmartShift технологијата, бидејќи на ова влијаат и други фактори (како што е на пример системот на ладење на лаптопот). Вкупно гледано, прилично деликатно е да се креира лаптоп кој навистина ја поддржува технологијата, а оваа година тоа ќе го нуди само Dell G5 SE.