OnePlus Z веќе некое време се појавува во гласините. Најпрвин се сугерирапе дека смартфонот ќе користи MediaTek чипсет, а потоа гласините укажуваа на тоа дека OnePlus би можел да се одлучи за чипсет на Qualcomm. Сега се појавија главните спецификации на телефонот, заедно со атрактивна цена која се очекува.
Неодамна, одредени PayBack корисници добија анкета, која истражуваше дали корисниците би сакале да купат OnePlus телефон со одредени спецификации и по одредена цена. Се сугерира дека оваа анкета била поврзана со необјавен OnePlus смартфон, за кој се очекува дека е OnePlus Z.
Според споменатото истражување, OnePlus Z ќе има 6,55-инчен Super AMOLED дисплеј со 90Hz стапка на освежување, како и сензор за отпечатоци од прсти во екранот. Телефонот би требало да го покренува Qualcomm Snapdragon 765 чипсетот, со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Покрај тоа, се очекува
4300mAh батерија со поддршка за 30W брзо полнење. Кога се во прашање камерите, OnePlus Z би требало да има 64MP + 16MP + 2MP сензори на задната страна, како и 16MP селфи камера.
Сугерираната цена е околу 330 долари. Споменатата цена е за индискиот пазар, каде што телефоните вообичаено се поевтини, така што на меѓународните пазари телефонот би можел да биде поскап. Засега се уште нема информации за датумот на објава на OnePlus Z телефонот.