Во последните недели NASA предупреди на неколку потенцијално опасни астероиди што се приближуваат кон Земјата, но оваа седмица ќе има дури пет од нив, од кои два се очекуваат да поминат денес.

Астероидите 2013 XA22 и 2020 KZ3 со ширина од околу 20 метри би требало денес да поминат покрај Земјата.

Следниот опасен астероид, со големина колку една куќа се очекува да помине покрај Земјата на 10-ти јуни, а потоа во четврток на Земјата ѝ се закануваат два астероиди со ширина од околу 25 метри.

Последниот кој што најблиску ќе помине покрај Земјата би требало да помине на безбедна оддалеченост од околу 2.3 милиони милји.

Иако од NASA соопштија дека сите пет астероиди ќе поминат на релативно безбедна оддалеченост од Земјата, тие истакнуваат дека постои причина за загриженост.

Имено, дури четири од овие пет астероиди воочени биле од половината, односно од крајот на месец мај, што значи дека нема да има време да се одбраниме од потенцијалниот удар доколку истите поминат на помала оддалеченост од планетата Земја.

Научниците велат дека е многу важно сериозно да почне да се размислува на подобра опрема и одбранбен систем кој што би спречил некои астероиди во иднина да удрат во планетата Земја.

Извор: B92.net