Во пост објавен на социјалната мрежа Weibo, основачот на Meizu – Џек Вонг ги откри плановите на компанијата да објави цели три флегшип смартфони со новиот топ чипсет Snapdragon 855. Тие треба да дебитираат во 2019 година, а првите два може да се појават уште во мај. Ова се моделите Meizu 16s, 16s Plus и 16T.

Првите два од нив се директни наследници на минатогодишните Meizu 16 и 16 Plus додека 16T е најпријатно изненадување за љубителите на мобилниот гејминг и е замислен токму како смартфон за видео-игри во движење.

Ниту еден од телефоните нема да има „пресек“ на врвот на екранот, кој брзо се претвора во истприја за дизајнот на паметните телефони. Што се однесува до дисплеите, не очекуваат соодветно 6.2 и 6.5 инчи за стандардниот Meizu 16s и 16s Plus.

Бидејќи гејминг смартфонот се уште е во процес на развој, Џек Вонг директно ги прашува фановите за идеалната големина на неговиот екран. За сега, 6.2 инчи е победничка верзија. Капацитетот на батеријата се очекува да биде помеѓу 4.200 и 4.500 mAh. И како веројатно претпоставивте, телефонот за видео-игри ќе го пропушти мајскиот рок и ќе биде претставен подоцна оваа година.