Компанијата Sega прослави цели 60 години постоење и 30 години од издавањето на единствената преносна конзола, а во таа чест беше претставена мини конзола, што делумно и се очекуваше.
Уредот го носи името Game Gear Micro, со навистина минијатурни димензии и се претставени 4 различни верзии.
Секоја верзија на конзолата е иста, само се разликува по боите и игрите кои ги нуди во однос на бојата. Секоја боја (жолта, црвена, црна и сина) носи 4 различни игри, вкупно 16 доколку сакате да го купите секој примерок.
Sega has revealed a palm-sized Game Gear micro console, which comes in four colorways with different games baked into each one. https://t.co/eONAczcydO pic.twitter.com/4Pc6pMYKVX
— IGN (@IGN) June 3, 2020
Тука се наоѓаат наслови како Sonic and Tails, Outrun, Nazo Puyo, Sylvan Tail и други. Игрите ќе можете да ги играте на екран од само еден инч, што е многу мала димензија за денешните стандарди, но ќе постои стакло за зголемување. Напојувањето од 2 ААА батерии ќе овозможи околу 3-часовно играње, а цената изнесува околу 50 долари.
Game Gear Micro е моментно достапен само на територијата на Јапонија, каде ќе се појави на 6 октомври, додека моментално нема никакви детали за преминувањето на западниот пазар.
Извор: B92.net