Европскиот одбор за заштита на податоците донесе обврзувачка одлука со која забранува да се користат личните податоци на корисниците за насочено рекламирање на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

„Се воведува забрана за обработка на лични податоци за насочено рекламирање врз правна основа на договор и легитимен интерес низ Европската економска област“, ​​објави Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB), пренесува France 24.

Наредбата доаѓа откако Мета објави дека корисниците на Фејсбук и Инстаграм во Европа од овој месец ќе можат да се претплатат за користење на социјалната мрежа без никакво рекламирање.

„Мета“ веќе најави дека ќе им даде можност на граѓаните во ЕУ и во Европската економска област да одобруваат, а во ноември ќе понудат претплатен модел во согласност со регулаторните барања“, изјави претставник на Мета.

Одлуката го принудува ирскиот регулатор за податоци, кој има јурисдикција над операциите на Мета во Европа, да преземе конечни дејствија по ова прашање во рок од две недели, а забраната стапува на сила седум дена подоцна.