Се очекува дека Samsung во август ќе ја претстави Galaxy Note20 линијата, а гласини за овие уреди има се повеќе. Според информациите на дојавувачот IceUniverse, Galaxy Note20+ модел ќе има 108MP главен сензор, додека ToF ќе биде заменет со ласерски фокус сензор.
Главниот сензор, според наводите, ќе биде 1/1.33″ Samsung Bright HM1, истиот кој го користи и Galaxy S20 Ultra. Дополнителниот сензор за ласерско фокусирање ќе и асистира на главната камера.
Сензорот зад ултраширокиот објектив ќе биде 12MP ISOCELL Fast 2L3, кој има 1/2.55″ големина и PDAF. Според информациите на дојавувачот, ќе постои и перископ објектив, кој има 13MP Samsung Slim 3M5 сензор. Зумирањето ќе биде лимитирано на 50X, а Samsung изгледа повеќе нема да тежнее кон 100X зумирање.
Претходно слушнавме дека Galaxy Note20+ би требало да има ажуриран Exynos 992 чипсет, заснован на 5nm процес на производство, а тука се и CAD рендерите, кои ни даваат подобар увид во дизајнот на телефонот.