Samsung ја објави глобалната достапност на својот Odyssey G7 закривен, гејминг монитор, кој претходно беше најавен во рамките на CES 2020 саемот. Ова е прв светски монитор со радиус на закривеност од 1000 милиметри.
Odyssey G7 го карактеризира QLED екран од 32 и 27 инчи, со 1ms (GTG) одзив, 240Hz освежување, што мониторот го прави подобен за гејминг. Мониторот има 2560 x 1440p (QHD) резолуција, типично осветлување од 350 cd/m², HDR 600 поддршка.
Гејминг функциите вклучуваат G-SYNC, FreeSync Premium Pro поддршка, како и Game модови: Custom/FPS/RTS/RPG/AOS/Cinema/DCR. Од конекторите се присутни 2x Display Port 1.4, 1x HDMI 2.0, USB3.0 (1UP, 2DOWN).
Samsung Odyssey G7 е достапен по цена од околу 780 долари за 32-инчниот модел и околу 680 долари за моделот од 27 инчи.
Поврзани артикли