Amazon ја лансираше бесплатната видеоигра на Steam, но ретко кој слушнал за играта.
Станува збор за видео играта Crucible, која е бесплатна за играње и достапна на најголемата светска платформа за видео игри Steam. Од компанијата ја опишуваат како „бесплатна игра со пукање која се игра во тимови“, а гејмерите можат да бираат да бидат „луѓе“ или „вонземјани“.
Сепак, се чини дека играта е тотално промашување, а за тоа колку помина незабележано во светот на гејмерите најдобро говори фактот дека по лансирањето биле заблежани 25 илјади играчи, а неколку дена подоцна бројката паднала на само неколку илјади. За споредба, некои од најпопуларните видео игри на Steam редовно имаат по повеќе од милион играчи.
Проблемот за оваа игра е тоа што „бесплатните“ игри заработуваат од огромниот број на играчи кои потоа купуваат дополнителна опрема во играта.
Сепак, за тоа се потребни милиони играчи како што имаат Fortnite или Call of Duty: Warzone, а не околу пет илјади.
Извор: Zimo.hr