Од Space X сè уште официјално не се огласија за тоа што точно се случило, но видеото кажува многу.

Експлодираше прототип на вселенското летало SN4 на компанијата SpaceX, чиј сопственик е Елон Маск. Експлозијата се случи во сојузната држава Тексас, кај местото Бока Бока, каде што се наоѓа објектот на SpaceX за тестирања.

Пред два дена, истотo летало, прототипот СН4 беше успешно лансирано, но во новото тестирање дојде до голема експлозија. Експлозијата се случи една минута пред краткиот тест на погонот. Леталото беше голтнато од голема огнена топка. Сѐ уште не е познато што ја предизвикало експлозијата.

SpaceX со овој прототип на летало планира во вселената да испрати и до 100 луѓе. Денеска се очекува лансирањето на ракетата на SpaceX.

Како изгледаше експлозијата, погледнете во видеото:

Извор: B92.net