Римски мозаик, по кој археолозите трагаа повеќе децении, е откриен под лозје во Италија, јави Би-би-си.

Истражувачите од општината Неграр ди Валполичела, северно од Верона, објавија фотографии од добро сочуван мозаик на длабочина од еден метар.

Експертите уште пред сто години на место во близина откриле делови од римска вила, пренесе Би-би-си.

Археолозите внимателно ја отстрануваат земјата со цел да го утврдат севкупниот размер на античката градба.

Истражувачите ќе соработуваат со сопствениците на лозјето и локалните власти со цел да изнајдат начин ова скриено археолошко богатство да го направат достапно за јавноста.

На техничарите ќе им требаат значителни ресурси, а локалните власти ветија секаква потребна помош за да продолжат ископувањата.