Лансирањето на вселенскиот брод „Кру драгон“ синоќа беше одложено поради лошите временски услови и е презакажано за в сабота.

Ракетата на компанијата „СпејсИкс“ треба да ја превезе капсулата со двајца американски астронаути, Даг Харли и Боб Бенкен, на Меѓународната вселенска станица.

Тоа е прво американско ласнирање на ракета од американска територија со човечки екипаж после девет години пауза. Шатл програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше стопирана од НАСА во 2011 година, кога Агенцијата во вселената го прати својот последен вселенски брод „Атлантис“.