Тоалетите на Меѓународната вселенска станица (МВС) се вон употреба. Поради тоа, астронаутите се принудени да користат посебни „памперси”, пренесува БГНЕС, повикувајќи се на разговори меѓу членови на екипажот со централата на НАСА.

На МВС има два тоалета од руско производство. На двата вселенски брода „Сојуз” исто така има по еден, но тие се користат само за време на лет и само во случај на крајна неопходност при престој на МВС.

Според информации на командирот на Станицата, Лука Пармитано, тоалетот во американскиот оддел не работи поради постојани индиции за неисправност, а рускиот – поради сигнализација за преполнетост.

Притоа, тој се консултираше со централата во Хјустон околу тоа – астронаутите привремено да ги употребуваат уредите за собирање урина, коишто се наоѓаат во европската вселенска лабораторија Колумбус. Решението е најдено.

Не е познато, сепак, каде завршуваат искористените „памперси” на астронаутите.