Сигурни сме дека популарната апликација ќе “експлодира” по воведувањето на опцијата за видео повици.

Instagram планира да воведе опција за бесплатни видео повици. Опцијата ќе биде воведена во наредните месеци, а моментално поминува низ процес на тестирање.

Корисниците нема да бидат во можност да повикаат било кого, туку само корисниците со кои разговараат преку директни пораки и ко ќе го одобрат испратеното барање.

Ова ќе значи и значителна промена во фокусот на Instagram, кој отсекогаш примарно беше мрежа за споделување на фотографии. Додавањето на опцијата за видео повици е сигнал кон промена во насока апликацијата да стане повеќе фокусирана на размена на пораки и комуникација.

Instagram е инсталиран само на Android платформата повеќе од милијарда пати и има повеќе стотина дневно активни корисници, кои со доаѓањето на видео повиците уште повеќе време ќе минуваат со апликацијата.

Извор: Mondo.rs