Redmi 10X линијата телефони ќе биде претставена на 26. мај во Кина. Се очекуваат три различни смартфони, а според наводите барем еден од нив ќе има поддршка за 30x зум. Тоа може да значи дека една од камерите ќе биде 3x телефото.
Официјалната Redmi страница на Weibo мрежата објави тизер за 30x зум и OIS можностите на камерата на телефонот, исто така открива дека ќе постои AI поддршка за „креативна инспирација“.
Во засебна објава, официјално лице на Redmi брендот прикажа примерок на фотографија креиран со камерата на Redmi 10X Pro моделот во ноќни услови.
Претставникот на компанијата истакна дека Redmi 10X Pro може да креира исклучителнни фотографии со еден клик (без потреба од професионални SLR камери, ISO подесувања, затворач, бленда и други елементи). Сите потребни дејства и процесирањето ќе го одработи чипсетот.