Facebook нема да му овозможи на Huawei да ги продада своите нови мобилни телефони со неговите претходно инсталирани апликации.

Ова е последниот пример на последиците од прекинувањето на соработката помеѓу технолошките компании од Запад со кинеската телекомуникациска компанија Huawei, откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе извршен налог за ова.

Корисниците на паметни телефони се уште ќе имаат можност да преземат и користат апликации како што се Facebook, WhatsApp и Instagram, и ќе продолжат да добиваат апдејти преку Play Store.