Се појави нов патент на компанијата Xiaomi, кој ги прикажува скиците на новиот потенцијален формат за паметни телефони. Во прашање е склоплив флексибилен телефон, но со интересен додаток.
Уредот во горниот дел има додаток, кој може хоризонтално да се ротира за физички да се свртат задните камери на предната страна и да се користат за селфи фотографии. Врз основа на скиците од патентот, сајтот LetsGoDigital креираше рендери.
Горната половина на уредот од десната страна има окпчиња за вклучување и звук. Под делот кој се ротира се наоѓаат звучниците.
Како што е секогаш случајот со ваквите патенти, нема гаранции дека ваквото решение ќе биде произведено и имплементирано во конкретен уред на компанијата Xiaomi.