Western Digital го претстави својот нов WD Blue SN570 NVMe SSD, кој на корисниците им нуди баланс помеѓу цената, перформансите и капацитетот на дисковите. Драјвот е наманет за креаторите на содржини, се испорачува со петгодишна гаранција и пристигнува со брзини кои се 5x поголеми од најдобрите SATA SSD дискови на Western Digital.

Со секвенцијални брзини на читање на податоците, кои одат до 3500 MB/s, Western Digital Blue SN570 е SSD кој нуди премиум PCIe 3.0 перформанси. Меѓутоа, брзините на запис на податоци ќе зависат од капацитетот. Така моделите од 250GB, 500GB и 1TB нудат секвенцијални брзини на запис на податоци до 1200 MB/s, 2300 MB/s и 3000 MB/s.

Корисниците со новите SN570 SSD дискови добиваат и еден месец бесплатни членство за Adobe Creative Cloud, што им дава пристап до Adobe Photoshop, Illustrator, Lightroom, Premiere Pro и InDesign програмите.

Кога се во праашње цените, WD Blue SN570 NVMe SSD во капацитети од 250GB, 500GB и 1TB чини 50, 60 и 110 долари.