Sony на Twitter продилот на компанијата објави тизер за новата компактна 4K камера, која ќе биде претставена на 26. мај, а гласините сугерираат дека камерата е дизајнирана за креирање видео блогови.
Името на камерата е ZV-1, а ќе биде заснована на популарниот RX100 VII модел на Sony, со некои клучни разлики во спецификациите. Камерата наводно ќе има 20MP 1-инчен сензор и автофокус на следење на очите, а тука е и 24-70mm f/1.8-2.8 објектив, големо копче за снимање, поинаков дисплеј и држач.
5.26.2020 ? pic.twitter.com/hIdB7fyNAu
— Sony Alpha (@SonyAlpha) May 19, 2020
Засега нема премногу детали за претстојната Sony ZV-1 камера, а повеќе детали ќе бидат познати во текот на следната недела кога уредот ќе биде официјализиран.