Генералниот менаџер на брендот Redmi, Лу Веибинг објави тизер од претстојната линија телевизори на компанијата – Redmi TV X50, X55 и X65. Линијата на ТВ уреди ќе биде објавена заедно со Redmi 10X серијата смартфони на 26. мај.

Во објавата е споменато дека ќе станува збор за Smart TV уреди, а ознаките на моделите укажуваат на нивните големини: Redmi TV X50 е 50-инчен модел, Redmi TV X55 е 55-инчен модек, додека телевизорот од 65 инчи го носи името Redmi TV X65.

Тизерот исто така сугерира дека телевизорите ќе имаат многу тенки рамки, а Веибинг споменува исклучителни перформанси во доменот на квалитетот на сликата, материјалот на изработка, системот на звук, искуството на „паметно користење“ и другите сфери.