Во изминатите недели се појавија неколку наводно проверени информации, иако неофицијални, за можностите и спецификациите на новите слушалки на Apple, AirPods Studio.

Неколку независни дојавувачи и портали во изминатите денови објавија низа информации за наводниот нов додаток во асортиманот на безжични слушалки на Apple. По AirPods и AirPods Pro, на пазарот оваа есен ќе пристигне нов модел, AirPods Studio.

Овој пат не се работи за in-ear безжични слушалки, туку за нешто поголеми, over-ear безжични слушалки слични на Beats линијата. Со карактеристиките би требало да се приближат до конкурентите од повисок ранг, би ја содржеле Active Noise Cancelling технологија, а со цената би биле нешто поскапи од досегашните AirPods слушалки. Ако може да му се верува на Jon Prosser, AirPods Studio во САД би се продавале по цена од 349 долари.

Освен активното поништување на вревата и тн. „транспарентен“ начин на работа, кој дел од звуците од околината ги пропушта до ушите на корисникот, овие слушалки би требало да се истакнуваат со уште еден интересен детал. Имено, би имале вграден систем за детекција на главата и вратот, односно (како и постоечките AirPods модели), би „знаеле“ кога се сместени на ушите на корсисникот.

Дополнително, би можеле да препознаат и како некој ги ставил на главата, па улогите на „лева“ и „десна“ автоматски би се доделувале. Со други зборови, слушалките AirPods Studio би можеле да ги ставите на глава како сакате, без да ја свртите стерео звучната слика која ви ја пружаат.

Врз основа на информациите кои преку неофицијални канали пристигнаа во јавноста настана и рендерот видлив на насловната фотографија.