Во минатото се појавуваа информации за тоа дека Apple можеби планира да ги исфрли портовите на своите iPhone модели, како и да објави верзија без никакви портови. Најновите гласини сугерираат дека ова би можело да се случи следната година.

Twitter корисникот @9TechEleven тврди дека Apple планира да направи значајни промени во следните години. Ова потоа го потврди и Jon Prosser од FrontPageTech, кој истакнува дека барем еден iPhone модел во 2021. година ќе биде во целост без портови. Се сугерира дека Apple полека ќе ја спроведува оваа транзиција, каде на крајот сите iPhone модели ќе го исфрлат Lightning портот и ќе бидат безжични во целост.

Ова е интересна идеја, посебно поради тоа што многумина претпоставуваа дека Apple конечно ќе ги префрли своите смартфони на USB-C поддршка, слично како кај iPad Pro моделите. Доколку гласините се испостават како точни, Apple во целост ќе го прескокне преминот на USB-C и веднаш би можел да премине на безжична поддршка.