Додека се чека продолжение на НБА лигата, во меѓувреме се одржа виртуелното натпреварување во играта NBA 2K20.

Во виртуелното финале играа Милвоки Бакс и ЛА Лејкерс, а  титулата им припадна на „езерџиите“.

Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и останатите Лејкерс се вратија по заостанувањето од 1:3 во серија и во седмиот натпревар победија со 103:101 и стигнаа до титулата.

За МВП беше прогласен Ентони Дејвис, кој е на каверот за играта NBA 2K20.

„Со оглед на тоа колку е реално направена играта и колку беа реални прогнозите, убаво е да се види дека нашиот потенцијал е признаен. Возбуден сум за враќањето на паркетот и ќе се обидеме да ја донесеме вистинската титула дома“, изјави Дејвис.

Извор: Klix.ba