Microsoft почна со долг процес на престанок на поддршката за 32-битниот Windows 10. Почнувајќи од верзијата 2004, сите нови OEM Windows 10 системи ќе бараат користење на 64-битни верзии на платформата, а Microsoft повеќе нема да објавува 32-битни верзии за OEM дистрибуција.

Ова нема да влијае на оние кои моментно ги користат 32-битните верзии на Windows 10, а корисниците ќе продолжат да добиваат ажурирања. Microsoft планира да продолжи со продажба на 32-битни верзии на Windows 10 преку малопродажните канали уште некое време.

Ова е веројатно само прв чекор во рамките на повеќегодишниот проект, во текот на кој компанијата постепено ќе ка отфрла 32-битната поддршка, како што повеќе корисници и претпријатија ќе се префрлаат на 64-битни системи.