Најновото истражување укажува на тоа дека вирусот „Ковид-19“ најверојатно еволуирал природно, односно започнал од лилјак, а потоа се пренесувал на други животни сè додека не ги развие потребните мутации за да се префрли на луѓето и да започне глобална пандемија.

Во најновото истражување, научниците ја поддржаа оваа хипотеза со пронаоѓањето на друг вид коронавирус во лилјак и забележувајќи специфични мутации кои вметнуваат генетски материјал во вирусниот геном, пишува австралиското списание „Science Alert“.

За ваквите мутации се вели дека ваквите промени во геномот, каде што вирусот се развива, можат лесно да се појават природно.

„Бидејќи се појави Ковид-19, се појавија разни шпекулации дека вирусот е создаден во лабораторија“,рече микробиологот Ваифенг Ши од Медицинскиот универзитет „Шандонг.

„Конкретно, некои рекоа дека деловите на S1/S2 делуваат многу необично и дека можеби се работи за лабораториска манипулација. Нашата работа јасно покажува како ваквите промени се случуваат во дивината, по природен пат“, додаде тој.

Новооткриениот вид на коронавирус, кој е наречен RmYN02, идентификуван е во анализа на 302 примероци земени од 227 лилјаци кои живеат во провинцијата Јунан во Кина. Научниците по проучувањето на примероците откриле два речиси комплетно нови генома на корона вирус – RmYN01 и RmYN02.

RmYN01 слабо се поклопувал со коронавирусот кој е причина за моменталната пандемија (SARS-CoV-2). Но, тоа не било случај со RmYN02, кој 93,3% од својот геном го дели со вирусот SARS-CoV-2.

Што се однесува на процеост на вметнување, RmYN02 содржи делови на аминокиселини на место на кое се состануваат двете подединици S1 и S2. SARS-CoV-2 исто така има делови на S1 и S2. Иако се работи за исти аминокиселини, овие делови покажуваат дека до процесот на вметнување може да дојде по природен пат.

Покрај многуте сличности меѓу овие два коронавируси, не значи дека RmYN02 е директен предок на корона вирсуот кој ја предизвика пандемијата, особено ако се земе предвид дека во важен ген за врзување на рецепторите се исти само 61,3 отсто. Но, пронаоѓањето на нови геноми на коронавируси и понатаму е важно затоа што може да ни открие како вирусот SARS-CoV-2 се развил во она што е денес.

„Нашата студија одново ни потврди дека лилјаците, посебно оние од родот Rhinolophidae се важни природни резервоари и дека во нив се наоѓаат, колку што сега ни е познато, најблиските роднини на вирусот SARS-CoV-2″, напишаа научниците во својата студија.

До сега на вирусот кој предизвикува Ковид-19 најсличен му е коронавирусот RaTG13, исто така најден во лилјаците, а кој е ист со него во 96,1 осто од РНК.

„Ни RaTG13 ни RmYN02 не се изворни предоци на вирусот SARS-CoV-2 затоа што уште постои еволуциски јаз меѓу тие вируси“, објаснува Ши.

„Нашето истражување укажува на тоа дека се потребни понатамошни студии и примероци од повеќе видови диви животни за да откриеме вируси кои се слични на SARS-CoV-2. Можеби ќе наидеме и на неговите директни претходници, што може многу да ни каже како овој вирус преминал на луѓето“, додава тој.