Денес се одбележува Светскиот ден на емотиконите, шарените симболи кои се употребуваат во комуникација по пат на Интернет и паметните телефони.

Емотиконите постојат од 90-те години, а Apple ги вклучи во своите паметни телефони во 2011 година. Првиот Светски ден на емотиконите се случи во 2014 година.

Најупотребуваниот емотикон е оној кој плаче од смеење и прогласен е за збор на Оксфорд во 2015 година. После него следува и “смајлито” со срциња во очите, па оној кој праќа бакнеж, па уште еден кој се смее, оној кој се тркала по под од смеење.

Топ петте најчести споделувани емотикони на Фејсбук е “обичното смајли”, кое всушност ја покрена цела приказна за воведување на емотиконите.