Додека продажбата на PlayStation 4 конзолата опаѓа, Sony сепак оствари голем резултат бидејќи продаде 110 милиони примероци.
Популарноста на конзолата PS4 е огромна, а Sony објави податоци дека во период од три месеци продале 1,5 милиони примероци од PS4, вклучувајќи го и PlayStation 4 Pro. Тоа значи дека јапонската компанија од почетокот на продажбата испорачала 110,4 милиони конзоли, што е нешто помалку во однос на Game Boy и Game Boy Color.
Сепак, продажбата на „четворката“ слабее, бидејќи Sony во истиот период минатата година продал 2,6 милиони конзоли, а продажбата во текот на фискалната година (април 2019. до март 2020) е помала за 4,2 милиона. Поради тоа е тешко да се верува дека PS4 ќе го надмине PlayStation 2 и ќе ја преземе круната на „најпродавана конзола на сите времиња“.
Sony оваа година ќе го претстави новиот PlayStation 5, кој пристигнува кон крајот на годината, пишува Engadget.