Samsung во својата понуда веќе има два флексибилни телефони, но она што ги спречува да бидат масовно прифатени е исклучително високата цена. За оваа цена да ја понуди на поширок број корисници, во подготовка е Galaxy Fold Lite, кој би можел да отфрли некои дополнителни елементи за да биде поевтин.
Според наводите на дојавувачот Max Weinbach, Galaxy Fold Lite би можел да пристигне по цена од 1100 долари. Се поставува прашањето на кој начин Samsung ќе успее да го понуди смартфонот по оваа цена.
Се сугерира дека Galaxy Fold Lite и натаму ќе го задржи премиум Snapdragon чипсетот (веројатни Snapdragon 865), но нема да нуди 5G поддршка. Ќе бидат достапни 256GB простор за складирање (наспроти 512GB на стандардниот Fold модел). Исто така, не би постоел ни Ultra-Thin Glass како кај Galaxy Z Flip верзијата.
I have some info on the Galaxy Fold Lite.
-Galaxy Fold Lite 4G
-256GB storage
-Mirror Black, Mirror Purple
-Display has no UTG
-Will be equipped with a mix of 2018/19/20 parts
-outside will probably have a smaller display (not like on Fold, but more like the Z Flip)— Max Weinbach (@MaxWinebach) May 12, 2020
Заштеда би се постигнала и со користење на Mirror Purple и Mirror Black боите кои се веќе достапни за Z Flip, а би бил исфрлен и надворешниот дисплеј од стандардниот Folda. Наместо тоа, Fold Lite би користел помал надворешен екран, сличен на оној на Z Flip моделот.