Постојат неколку локации во Романија на кои што може да се забележат трованти. Во гратчето Костешт, се наоѓаат камења кои што веќе подогло време ги збунуваат геолозите ширум светот.
Во последните 100 години, локалните жители за ‘тровантите’ (во превод цементен песок), знаат дека најверојатно настанале во текот на сеизмичката активност пред речиси шест милиони години.
Куриозитет е што овие камења ‘растат’ кога ќе дојдат во контакт со вода, а исто така и самите се поместуваат, во зависност од величината на каменот, тој може да се прошири во пречник и од неколку милиметри до неколку центиметри.
Постојат неколку локации во Романија на кои што постојат овие камења, но најразновидни се во градот Костешт.
Научниците веруваат дека причината за ширењето во голема мера, е поради тоа што тие содржат големо количество минерални соли во седиментот кој што се наоѓа под нивната ‘кора’.
Кога нивната површина ќе се навлажни, солта впива вода, па поради тоа притисокот се зголемува, а нивната површина ‘расте’.
Поради оваа необичност основан е природен резерват во Костешт, наменет за чување на овие геолошки формации кои што ги привлекуваат туристите од целиот свет, а исто така тие се и под заштита на UNESCO.
Според важечката теорија, тровантите претставуваат дијагенетски текстури кои што одржуваат палеодинамични услови и одговараат на специфични пештерски седименти кои што содржат локални раствори (особено карбонати) во песокот, кои што во текот на сеизмички удар и под влијание на сила внатрешната кохезија е склона на сферни облици.
Извор: Srbija Danas