Популарниот сајт iFixit одлучи дека подобро е да испита како изгледа и функционира Apple Magic Keyboard тастатурата, како и што се наоѓа во внатрешноста на уредот, неговиот тракпад и копчињата.
Според она што го откри тимот на iFixit, тракпадот на Magic Keyboard користи систем со лост и едно копче во центар. Тоа значи дека на тоа копче можете да кликнете каде и да притиснете на тракпадот, било да се во прашање аглите, рабовите или центарот на структурата.
За жал, iFixit тимот немаше прилика во целост да ја расклопи тастатурата (поради социјалното дистанцирање предизвикано од коронавирусот) и тракпадот е единствениот дел на уредот кој тимот лесно успеа да го расклопи. Сепак, внатрешноста е прикажана со скенирање со помош на скенирање со помош на X-зракот.
Magic Keyboard тастатурата чини 299 долари (11 инчи) и 349 долари (12,9 инчи) и пристигнува со футрола која се става на iPad Pro.
Поврзани артикли