Од Институтот за биологија изјавиле дека во текот на пролетта, женките ајкули понекогаш можат да се забележат.
На само пет километри од крајбрежјето Режевичи, рибари од Будва во текот на вчерашниот ден здогледале ајкула долга околу три метри.
Мирко Ѓуровиќ од Институтот за биологија изјавил дека станува збор за вид сина ајкула која што живее во Јадранот, загрозен и заштитен вид кој најчесто не е опасен по луѓето.
„Одредено време плива покрај крајбрежјето, а потоа се оддалечува“ – наведено било во описот на видеото кое што го снимил Бранко Драгишиќ.
Погледнете го видеото:
Поврзани артикли