Експертите предвидуваат дека во наредните неколку децении ќе исчезнат дури 40 отсто видови инсекти.

Можеби не ги сакате инсектите и мислите дека светот би бил подобар без одредени видови, но вистината е дека доколку тие исчезнат тоа ќе предизвика еколошки хаос и исчезнување на храната за луѓето и животните.

Непрофитна организација за заштита на животната средина “Earthwatch”, пчелите ги прогласила за најважните живи суштества на планетата. Освен што се произведувачи на мед, тие се главни опрашувачи на растителниот свет и камен темелник на природните ресурси. Без пчелите, производството во полјоделството би се намалило за неверојатни 30 отсто, а би исчезнале околу 90 отсто видови растенија.

Меѓу главните причини за исчезнувањето на пчелите се климатските промени и зголемената употреба на хемиски средства во полјоделството.

Бубашвабите се инсекти кои сите ги мразат и има многу причини поради тоа. Освен што изгледаат одвратно тие предизвикуваат алергии и оставаат измет на местата по кои поминуваат, но и пренесуваат различни видови бактерии. Меѓутоа, проценето е дека луѓето ги нервираат само 20 видови од 3.500 од овие инсекти колку што постојат во светот.

Далеку од градовите, бубашвабите се извор на храна на малите цицачи, птици и влекачи. Покрај тоа тие ги трошат материите кои се распаѓаат во природата, а изметот кој го оставаат е полн со кислород, клучен елемент за растење на растенијата.

Мувите се инсекти со лоша репутација. Тие се поврзани исклучително со валкани работи, преносливи болести. Меѓутоа, мувите имаат и позитивна улога за која речиси никогаш не се зборува, а која го олеснува нашиот опстанок на планетата Земја.

Кога мувите би исчезнале, елиминацијата на различните видови органски отпад би останала само за бактериите, а процесот би траел многу подолго.

Освен што се неопходен фактор за рециклирање на различни видови отпад, некои видови муви се активни и во опрашување на растенијата.

Извор: Kurir.rs